Адреса: 1ви Мај бб. тел: ++389 (0)47 223 788 факс: ++ 389 (0)47 223 594 E-mail: rektorat@uklo.edu.mk
Заради заштита на правата на студентите на Универзитетот се формира студентски правобранител.
Студентскиот правобранител ги штити законските права на студентите и правата утврдени со актите на Универзитетот и единиците кога им се повредени од страна на Универзитетот и единиците во состав на Универзитетот, како и од лица вклучени во наставно-образовниот процес.
Студентскиот правобранител работите од својата надлежност ги врши врз основа и во рамките на Закон, овај Статут и Правилник за работа на студентскиот правобранител.
Студентскиот правобранител има повеќе заменици чиј број се утврдува со статутот на студентскиот парламент.
Студентскиот правобранител постапува по преставки од студент поединец, група на студенти и од студентскиот парламент на поодделните единици во состав на Универзитетот.
Во рамките на својата надлежност, во текот на постапката, студентскиот правобранител може:
Единиците се должни да го известат студентскиот правобранител за превземените мерки во врска со отстранување на евентуалната повреда на правата.
Кога студентскиот правобранител ќе ја заврши постапката, за тоа го известува подносителот на претставката.
За својата работа студентскиот правобранител поднесува Годишен извештај до студентскиот парламент.
За својата работа студентскиот правобранител го известува Сенатот.