Единици

EMail сервис

Alumni


 
 
 
 
 
 
 

Меѓународни конференции

ИНФО ЗА НАТО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТИЛНИЦА

ICERI2013

Меѓународна конференција за образование, истражување и иновации (ICERI2013), што ќе се одржи од 18-20 ноември 2013 во Севиља, Шпанија ги повикува сите заинтересирани за учество коишто делуваат во областа на едукацијата, научно-истражувачката дејност, иновациите и новите технологии за учење, да достават апстракти on-line на  www.iceri2013.org/online_submission, најдоцна до 11 јули 2013.

Дополнителни, детални информации за Конференцијата се достапни на: www.iceri2013.org.

 

Меѓународна конференција за Нови Хоризонти

25 – 27 јуни 2013 г.

Рим – Италија

Конференција чијашто цел е обезбедување мултинационална платформа кадешто ќе се презентираат најновите трендови од образованието преку усна, виртуаелна и видео презентација.

Краен рок за доставување апстракти: 18.06.2013 г.

Подетални информации: http://www.int-e.net/

 

Отворени се повиците за учество на интензивни работилници, чијашто цел
е обука на кандидати за добивање средства и грантови од ЕУ:

- Како да се подготвите за Хоризонти 2020/ФП8 (23.10.2012);
- Кон Европските фондови за истражување (24.10.2012);
- FP7/8 проектен и финансиски менаџмент (25.10.2012);
- Пишување предлог за ФП7 (30.10.2012);
- Кон Европските фондови и грантови (31.10.2012)

Контакт е-маил адреса: mail@researchinuse.org

Подетални информации: http://www.researchinuse.org

Меѓународна научна конференција

„МИГРАЦИЈАТА И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ“

Хотел „Монтана Палас“ – Крушево

19 – 20 октомври 2012 година

 

Целта на конференцијата е да се придонесе во оценувањето на условите за миграција и пазарите на работна сила и да се иницира дебата за создавање соодветни решенија во однос на подобрување на вработувањето, како и олеснување на сиромаштијата.

Организатори:

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Институт за социолошки, политички и правни истражувања – Скопје;

Здружение „Мариово – Меглен собрание за култура“ – Прилеп

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Економски факултет – Прилеп

Апстрактите (максимум до 300 зборови), да се достават на следнава е-маил адреса: conference2012@eccfp.edu.mk, најкасно до 15.09.2012 г.

Повик превземи тука

Подетални информации: www.eccfp.edu.mk/conference2012


 

Трет меѓународен конгрес: Инженерство, екологија, и материјали во процесната индустрија во организација на Технолошкиот факултет – Зворник во состав на Универзитетот во Источно Сараево

Време и место на одржување: 4 – 6 март 2013, Јахорина, Република Српска, БиХ

Детали и контакт: www.kongres.tfzv.org

 

Продолжен рок за пријавување на Симпозиумот на хрватските млекари

Ловран, 21-24 октомври 2012

Со оглед на големиот интерес на стручната и научната јавност, рокот за пријавување на апстрактите за учество на 40. Симпозиум на хрватските стручњаци за млеко, (21-24 октомври 2012, во Ловран, Република Хрватска), се продолжува до 5 јули 2012.

Детални информации: http://www.hmu.hr/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=48&Itemid=81&lang=hr

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ТРУДОВИ на Втората меѓународна балканска конференција:

 

Отворен е повикот за учество на

5та Меѓународна конференција за образование и нови технологии за учење (EDULEARN13)

(01-03.07.2013 година, Барселона)

 

Учесниците на оваа Конференција ќе имаат можност да ги перзентираат своите проекти и да дискутираат за најновите иновации и резултати од областа на новите технологии во образованието, е-учењето, како и методите применети во образованието и истражувањето. 

Апстрактите да се достават online на следниот линк: http://www.edulearn13.org/online_submission, најдоцна до 27.03.2013 година.

Подетални информации: http://www.edulearn13.org/



xxxx