Единици

EMail сервис

Alumni


 
 
 
 
 
 
 

BASILEUS III

Erasmus Mundus Partnerships (Action 2)

 BASILEUS III

Еразмус Мундус партнерства (Акција 2)

 Стипендии за академска размена помеѓу универзитетите од Западен Балкан (WB) и ЕУ

 НОВ ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ОТВОРЕН НА: 07.12.2010

 КРАЕН РОК: 15.02.2011 (до 14.00 часот)

Во рамките на овој повик, во новиот проект, BASILEUS III, предвидени се вкупно 283 стипендии на ниво на целата мрежа (распределбата по земји партнери е достапна на официјалната веб страница на BASILEUS www.basileus.ugent.be). Освен едномесечните мобилности за академскиот кадар, сите останати треба да започнат најдоцна до 31.12.2011 година. Едномесечните мобилности за академскиот кадар треба да започнат најдоцна во октомври 2014 година.

Во новиот проект, BASILEUS III се повикуваат да аплицираат заинтересирани студенти и наставен кадар за различни периоди на академска размена, во зависност од видот и целната група. Во новиот повик се најавени извесни промени во целните групи во чиишто рамки може да аплицираат кандидатите од земјите на Западен Балкан (WB):

Целна група 1 (TG 1)

  • Студенти од прв, втор или трет циклус на студии, запишани на УКЛО во моментот на аплицирање; имаат можност да аплицираат во рамките на мобилноста за размена
  • Наставен и ненаставен кадар вработен на УКЛО

 Целна група 2 (TG 2)

  • Запишани студенти на ВОИ од земјите на Западен Балкан коишто не се дел од BASILEUS партнерството (само на мастер, докторско и пост-докторско ниво) и имаат можност за мобилност на размена
  • Дипломирани студенти и од партнерските и од останатите ВОИ во земјите од Западен Балкан кои имаат можност за реализација на комплетни студии на некоја од ЕУ партнерските ВОИ и стекнување странска диплома

Целна група 3 (TG 3) – мобилност за ранливи групи (посебните критериуми се достапни на www.basileus.ugent.be.)

ДРУГИ НОВИНИ ВО BASILEUS III

  1. АТЕИ (Александар Технолошко-образовниот институт) од Солун, Грција е нов ЕУ член во Партнерството што може да се бира како институција домаќин за излезните мобилности од УКЛО;
  2. Универзитетот во Загреб не е веќе Европски, туку партнер од Западен Балкан, што значи дека за студентите и кадарот од УКЛО нема можност за мобилност
  3. ВАЖНО! On-line aпликацијата за новиот повик е изменета и надградена и за прв пат од апликантите се бара да ги подготват и да ги приложат кон апликациониот формулар, и следниве документи:

·  за BA и MA студентите се пополнува и потпишува План за студирање (http://www.basileus.ugent.be/userfiles/BASILEUS/files/Study%20Plan.doc), којшто за селектираните кандидати ќе послужи како основа за потпишување на Договорот за студирање (Learning Agreement)

·  за докторските и постдокторските студии се пополнува и потпишува План за студирање / истражувачката работа (http://www.basileus.ugent.be/userfiles/BASILEUS/files/Research%20Plan%20Doc-Post-Doc(1).doc)

·  и за кадарот, наставен или ненаставен – План на активностите за време на престојот (http://www.basileus.ugent.be/userfiles/BASILEUS/files/Actvity%20Plan%20Staff(1).doc).

 Сите заинтересирани потенцијални кандидати за BASILEUS стипендија се покануваат да се обратат во Канцеларијата за меѓународна соработка на УКЛО за да добијат подетални информации во врска со процесот на аплицирање и сите останати релевантни податоци за Програмата во целост.

Лице за контакт: Калиопа Стилиновиќ

kaliopa.stilinovic@uklo.edu.mk

 

Линк: Оn-line апликација www.basileus.ugent.be

Линк: Процедура за on-line аплицирање

INTERNATIONAL STUDENTS GUIDE



xxxx