Адреса: 1ви Мај бб. тел: ++389 (0)47 223 788 факс: ++ 389 (0)47 223 594 E-mail: rektorat@uklo.edu.mk
ПРАКТИКАНСКА РАБОТА И СТЕКНУВАЊЕ ИСКУСТВО ВО ОНЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
ОНЕ Телекомуникациски услуги ДОО, распишува оглас за прибирање на апликации, од заинтересирани, динамични и амбициозни студенти на кои им нуди можност за практична работа и стекнување искуство од различни области, во Скопје.
ОНЕ нуди обука на сите избрани кандидати и одлични можности за стекнување на практично знаење и работни навики во меѓународна компанија.
Сите заинтересирани студенти трeба да ја пополнат апликацијата за пракса на http://www.one.mk/hr/practicework.asp најдоцна до 02.04.2012.
ПРАКТИЧНА РАБОТА ВО НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Се известуваат студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола коишто студираат во областа на правото, економијата и информатичките науки дека во периодот од 01.06.2012-30.08.2012 година имаат можност да изведуваат практична работа во Народна банка на Република Македонија во траење од 30 дена.
Барањата за вршење практична работа треба да содржат:
Барањата да се доставуваат НАЈДОЦНА ДО 02.05.2012 година на следнава адреса:
НБРМ
Бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1
1000 Скопје