Факултети

EMail сервис

Alumni


Меѓународна соработка

Меѓународната соработка претставува еден од најекспонираните сегменти во работата на Универзитетот. Во согласност со европските и светските текови  кон кои стреми и нашиот Универзитет, за актуелниов менаџмент на УКЛО, ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА  е  најзначајниот сеопфатен  процес во сите сфери  од универзитетското делување и приоритет во стратешката определба за приближување на Универзитетот кон европското односно светското семејство  на развиени Универзитети.

Реализацијата на меѓународната соработка се одвива преку следниве значајни инстанци:

o       РЕКТОР

o       КОМИСИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И РАЗВОЈ НА УКЛО- помошно тело на  Универзитетски сенат ( 9 членови ) .

o       КАНЦЕЛАРИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (MS)

         

          Калиопа Кривашија Стилиновиќ, раководител

          Тел: 389 (047) 24 22 78 
                     389 (047) 22 37 88   локал (121)

          E-mail: kaliopa.stilinovic@uklo.edu.mk

 

          Нуртен Сулејмани

          Тел: 389 (047) 24 22 78
                     389 (047)
22 37 88  локал (123)

           Е-mail: nurten.sulejmani@uklo.edu.mk

Меѓународната институционална соработка како најефикасна можност за запознавање и размена на теориските и емпириските вредности во образованието и науката, реализирана низ соодветна комуникација со сродни или исти институции, претставува стожерна компонента за развој на УКЛО  и неговата афирмација.

Во развојната визија на УКЛО посебно е акцентирана европската димензија на развојот, а со тоа и потребата од реформи и трансформации на образовниот систем заради неговото неминовно вклучување во глобалните процеси од оваа сфера и целосна имплементација на Болоњските стандарди. 

УКЛО од своето основање во континуитет ја развива билатералната, а со последователното отворање на европските програми и фондови во изминатите неколку години интензивно се развива и проектната соработка.