Билатерална соработка
Билатералната соработка вклучува соработка со странски Универзитети врз основа на потпишани договори како и на воспоставени контакти со странски Универзитети, асоцијации, фондации и др. со кои се потпишуваат и формални договори за соработка.
Овој вид соработка се одвива преку различни заеднички активности, во согласност со краткорочните и долгорочните интереси на УКЛО и партнерските Универзитети. Во рамките на билатералната соработка се разменуваат искуства од наставно-научните области, се реализираат посети и престои на академски кадри, мобилност и размена на студенти, заедничко учество во проекти од различни програми и фондации.
Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола има потпишани договори за соработка со следниве Универзитети:
- Југозападен Универзитет „Неофит Рилски“- Благоевград Република Бугарија
- Универзитет „Фан С.Ноли“ -Корча Република Албанија
- Државен Универзитет на Флорида, Талахаси - САД
- Дњепропетровска академија - Дњепропетровск - Република Украина
- Технички Универзитет во Софија, Република Бугарија
- Софиски Универзитет “Климент Охридски“ - Софија Република Бугарија
- Универзитет Македониа-Солун, Република Грција
- Универзитет во Ница Софија Антиполис Република Франција
- Државен Апалачи Универзитет во Бун-Северна Каролина - САД
- Универзитет во Волонгонг Австралија
- Универзитет во Ријека - Република Хрватска
- Универзитет „Фридрих Александер“- Ерланген-Нирберг Република Германија
- Земјоделски Универзитет во Тирана Република Албанија
- Технички Универзитет во Лоѓ Република Полска
- Универзитет во Ниш Република Србија
- Универзитет во Крагуевац Република Србија
- Универзитет во Љубљана Република Словенија
- Универзитет во Зеница Република Босна и Херцеговина
- Универзитет на Црна Гора Република Црна Гора
- Универзитет во Источно Сараево Република Српска
- Земјоделски Универзитет во Пловдив Република Бугарија
- Универзитет во Бања Лука Република Српска
- Универзитет во Габрово Република Бугарија
- Универзитет во Приштина Косово
- Франклин Универзитет, Колумбус, Охајо - САД
- Универзитет во Нови Сад Република Србија
- Гази Универзитет - Анкара Република Турција
- Универзитет Сулејман Демирел - Испарта Република Турција
- Тракиски Универзитет - Едрене Република Турција
|