Адреса: 1ви Мај бб. тел: ++389 (0)47 223 788 факс: ++ 389 (0)47 223 594 E-mail: rektorat@uklo.edu.mk
Процедура за поддршка за проектна соработка
_________________________________________________________
TEMPUS – Trans European Mobility Programme for University Studies
http://ec.europa.eu/education/programmes/tempus/
Посебно значење за Универзитетот и институциите во негов состав, секако има проектната соработка којашто произлегува од ФАРЕ-ТЕМПУС програмата.
Темпус е првата програма како дел од CARDS програмата иницирана од Советот на ЕУ за поддршка на реформите во високото образование во земјите на Средна и Источна Европа и приближување кон западноевропските високообразовни системи.
Од отворањето на ФАРЕ -ТЕМПУС програмата за Република Македонија во 1996 година, Европската комисија поддржува интензивна соработка помеѓу институциите од високото образование од нашата земја, земјите-членки на Европската Унија, Централна и Источна Европа и Југо-Источна Европа. Во доменот на ТЕМПУС програмата, институционалната соработка се одвива/ше преку:
Вклученоста на универзитетските установи во ТЕМПУС програмата отвори широки можности за комуникација со повеќе развиени универзитети од Европа, а сега најактуелната регионална или мрежна соработка дава дополнителен импулс за ангажирање на академските кадри и за поврзување на институциите од регионот, со цел да се доближат образовните наставно-научни програми, а со тоа да се создадат и услови за нивна компатибилност со оние од развиените европски високообразовни системи.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола се реализираа или се во тек на реализација повеќе ТЕМПУС проекти.
Програма за доживотно учење 2007– 2013
http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/structure/erasmus
Програмата за доживотно учење (LLP – Lifelong Learning Programme) е програма на Европската Унија за мобилност и меѓуинституционална соработка во сите нивоа на образование.
Програмата за доживотно учење се состои од 4 секторски програми:
Comenius– за предучилишно, основно и средно образование
Erasmus – за високо образование
Leonardo da Vinci – за стручно образование
Grundtvig – за образование на возрасни
ERASMUS MUNDUS ACTION 2/EM2-STEM
Во конзорциумот на проектот со работен акроним EM2-STEM, од европските партнери учествуваат следниве универзитети:
City University, Лондон, Велика Британија; Lapeenranta University of Technology, Финска; Freie UniversityBerlin,Германија; University oif Limerick, Ирска; University of Warsaw, Полска; Wroclaw University of Technology, Полска; Technical University of Cluj-Napoca, Романија;
Од Западен Балкан учествуваат:
Политехничкиот универзитет од Тирана,Албанија; Универзитет во Сарјево, БиХ; Универзитет во Тузла, БиХ; Универзитет во Сплит, Хрватска; Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Македонија; Универзитет за бизнис и технологија, Косово; Универзитет во Нови Сад, Република Србија; Универзитет во Ниш, Република Србија;
За УКЛО, овој втор проект од Еразмус Мундус програмата , претставува извонредна можност за реализирање нов сет од мобилности наменети првенствено за студентите, но и за кадрите, коишто ќе бидат комбинирани со развивање на он-лајн интензивни модули за претприемништво во областа на инженерските и природните науки на дипломско ниво. Исто така, ќе се развиваат и серии од модули за професионалните вештини на младите истражувачи-трансфер на знаење,проект-менаџмент, етика итн.
Сите мобилности, по објавувањето на повикот за пријавување што дополнително ќе следи, ќе треба да отпочнат најдоцна до 31 декември 2011 година.
CEEPUS /Централно-европска програма за размена во универзитетските студии