Добредојдовте
За Универзитетот
Единици
Образование и наука
Студенски живот
Информации
Линкови
Контакт
Enrollment competition 2008
Needed Exams 2008
Добредојдовте

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”- БИТОЛА


Универзитетот “Св. Климент Охридски” -Битола , се попознат со акронимот УКЛО, е вториот државен универзитет во Република Македонија, најзначајна установа од областа на високото образование во Регионот на Југозападна Македонија.


Скоро 40 студиски програми за додипломски и 26 за последипломски студии распределени во 8-те високообразовни единици: 7 факултети и една висока стручна школа, ја претставуваат специфичната хетерогена, образовна понуда на универзитетот којашто покрива најразлични научни дисциплини и едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на труд. Во составот на УКЛО се и 3 научноистражувачки единици единствени од ваков вид во државата, Универзитетска библиотека и Студентски дом. (УКЛО,единици ).


Нашиот Универзитет зазема специфична позиција во однос на останатите Универзитети во земјата. Седиштето на Универзитетот е во Битола (www.bitola.gov.mk ), а високообразовните и научноистражувачките единици во неговиот состав сместени се повеќе центри : Битола, Прилеп, Охрид, Скопје...со дисперзирани студиски програми во Велес и други места


Она што е заедничко во ваквото плуралистичко опкружување е посветеноста во едукацијата на младите , дефинирана во мисијата и визијата на Универзитетот.

 
Универзитетот Св. Климент Охридски годишно, во просек, привлекува околу 3000 нови студенти, а вкупниот број на студенти, во последниов период непрекинато се движи околу 13000 студенти (УКЛО, Бројки и факти).


Скоро тридеценискиот континуиран развој на УКЛО опишан на страниците за неговиот историјат претставува постојана потрага по сопствениот специфичен идентитет којшто , на почетокот на ова столетие , се афирмира низ синтагмата: ОТВОРЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН, ИНТЕГРИРАН ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО, АКТИВЕН ПАРТНЕР ВО ОПШТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЦЕСИ, ПОДГОТВЕН ДА СЕ СООЧИ СО НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ВО ЕДНА МЕЃУНАРОДНА ПЕРСПЕКТИВА.


Токму заради фактот што регионално, на оваа високообразовна установа и припаѓа водечката улога во академскиот и научниот  свет, за УКЛО, клучни зборови во водењето на универзитетската политика и стратегија се: современи, флексибилни студиски програми, транспарентна организациона структура (организациона шема ) , динамичен менаџмент на човечките ресурси, активна политика на интегрирање во опкружувањто на Универзитетот, креирање на силни релации Универзитет:стопанство, поддршка на нови иницијативи, акцент врз интернационализацијата (меѓународна соработка на УКЛО ),  спроведување на култура на квалитет во сите сфери од универзитетското делување (УКЛО, квалитет ).


 
Ново

Актуелно


ErasmusMundus-Basileus
PRIUM : Promoting a model of Integrated University
Tempus Programme
Ministry for Education and Science
Staff WEB mail services
© 2008 web3d UKLO