13-та Меѓународна студентска недела во Илменау – Германија

12.10.2016

13-тата Меѓународна студентска недела, во организација на Студентската асоцијација при Техничкиот универзитет во Илменау, ќе се одржи од 12 до 21 мај, 2017. Оваа Студентска недела е посветена на Глобалната правда под мотото „Глобална правда – Праведна (Бајковита) приказна?“.

Студентите имаат можност за учество на конференција што се одржува во рамки на Студентската недела, а на којашто се очекуваат повеќе од 400 учесници од сите страни на Светот.

Повеќе за Студентската недела и условите за учество на http://2017.iswi.org/


Scroll to Top