Прв повик за аплицирање во Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија (IPA II – EuropeAid / 152956 / DD /ACT / MK), 2014-2020

12.10.2016

Европската комисија го објави првиот повик за аплицирање во рамките на IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија (IPA II – EuropeAid/152956/DD/АCT/MK), со краен рок: 1 ноември 2016. Се очекува да бидат поднесени предлог-проекти за остварување на глобалните цели на Програмата во насока на промовирање на соработката во прекуграничниот регион преку поттикнување избалансиран, инклузивен и одржлив социо-економски развој и заедничка стратегија за надминување на проблемите на населението во граничните области.

Предлог-проектите во рамките на овој повик треба да се позиционираат во еден од трите три дефинирани приоритети:

  1. Унапредување на туризмот, културните релации и заштитата на културното наследство
  2. Подобрување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите
  3. Заштита на животната средина, промовирање на мерки за прилагодување кон климатските промени и намалување на штетите од нив, превенција и менаџирање.

(презентација)

(Водич со инструкции) https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?ADSSChck=1474287333140&do=publi.welcome&nbPubliList=15&orderbyad=Desc&searchtype=RS&orderby=upd&aofr=152956&userlanguage=en


Scroll to Top