УШТЕ ЕДНА СОРАБОТКА НА УКЛО СО НАДВОРЕШНОТО ОКРУЖУВАЊЕ

09.11.2016

Во насока на воспоставување нови и продлабочување на воспоставените релации за соработка со бизни секторот, на 07.11.2016 претставници од УКЛО предводени од проректорката за наука, проф. д-р Елизабета Бахтовска остварија работна средба со менаџерскиот тим на компанијата LTH леарница од Охрид.

На работниот состанок беа разгледани можностите за остварување соработка во повеќе области, како и активно вклучување на студентите од машинскиот отсек и отсекот за мехатроника при Техничкиот факултет-Битола во реализирање на практиканска работа и вработување на дипломци од овој Факултет.

На обостраното задоволство од двете страни, на настанот беа договорени и првите конкретни активности планирани за средината на декември.

Овој начин на соработка со стопанските субјекти, во последните години придонесе занчително да се зголеми бројот на стипендии коишто бизнис секторот ги доделува за студентите на УКЛО, да се збогати клиничката настава преку учество на познати стручњаци од практиката но и да се реализира соодветна практиканска работа за студентите.


Scroll to Top