Можност за семестрален студиски престој во САД

14.11.2016

Ве известуваме дека во вторник во 11:00 часот на Техничкиот факултет (ТОЕФЛ центар – предавална 310), во организација на Американското катче и амбасадата на САД во Македонија, ќе се одржи презентација на можноста за остварување семестрален студиски престој за студенти на прв циклус додипломски студии на универзитетите во САД.

Пред студентите на нашиот Универзитет, за стипендијата Global UGRAD, ќе зборуваат Газменд Илјази од амбасадата на САД во Македонија, д-р Пол Коку, Фулбрајт професор од САД, ЕТА Катрин Баст и Ксено Карпентер, Фулбрајт студент од САД.

Повеќе информации за Global UGRAD можете да прочитате на следниот линк:

https://exchanges.state.gov/non-us/program/global-undergraduate-exchange-program-global-ugrad


Scroll to Top