Избрани најдобрите истражувачки трудови и есеи

01.12.2016

На распишаниот награден Конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј, комисиите донесоа одлуки за најдобрите остварувања.

Наградени  истражувачки трудови:

Безжични сензорски мрежи – програмирање на сензорски нодови базирани врз Raspberry Pi , шифра: wsn 2016, прва награда,

Анализа на мала хидроцентрала „Брајчино 2“, шифра: Филигран, втора награда

Виртуелна огласна табла – предности и дизајн, шифра: РедР, трета награда

 

 

Наградени  есеи:

Словото стана биднина – патоказ за иднина“, шифра Учителот, прва награда

Свети Климент Охридски или во потрага на умот и разумот, шифра Софија Егејска, втора награда

„1100 години стар посмен код“  шифра Еверест, трета награда

На наградените студенти ќе им се доделат плакети и парични награди, на свечена седница на Универзитетскиот сенат што ќе се одржи на 16.12.2016 година.


Scroll to Top