ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ ЕДНОГОДИШНИ ГРАНТОВИ

02.12.2016

Можност што се нуди преку Studium во Регионот Центар Вал де Луар / Centre-Val de Loire за прием и прифаќање на меѓународни истражувачи со искуство. Studium е структура за валоризација на истражувачката работа основана во 1996 година којашто има за цел да ја унапредува меѓународната соработка.Нејзиното функционирање е од типот  "Institute for Advanced Studies".
Овие истражувачки грантови се за период од 12 месеци и се наменети за истражувачи коишто имаат најмалку 5 години пост-докторско искустгво. Повикот за проекти е отворен за сите теми на истражување. поканетите истражувачи коишто ќе бидат селектирани ќе бидат на располагање на една од универзитетскоте/академските лаборатории од Регионот (Универзитетеот од Орлеан/l'Université d'Orléans, Универзитетот Франсоа Рабле од Тур/, Université François-Rabelais de Tours,Националниот истражувачки центар од Вал де Лоар / INSA Centre Val de Loire, Националните истражувачки центри  INRA, Inserm, IRSTEA, CEA, BRGM...).


Програмата ја покрива платата на истражувачот за период од една година, сместувањерто како и сите административни аспекти поврзани со приемот на истражувачот и неговото семејство. Освен тоа, се доделува и буџет предвиден за организација на меѓународна конференција во траење од два до три дена.

Регрутирањето на овие истражувачи се прави преку годишен  повик за проекти.Повикот е во тек и ќе трае до 9 февруари 2017 година.

(повеќе


Scroll to Top