ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО CEEPUS ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018

12.12.2016

Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука на Република Македонија известува за можноста за партиципирање во Програмата за поддржување и поттикнување академска соработка помеѓу земјите на Централна и Југоисточна Европа на полето на размена на студенти и кадри (Central European Exchange Program for University Studies). Соработката во рамките на CEEPUS се одвива врз база на вмрежување на најмалку три високообразовни институции од земјите потписнички на договорот (прилог) и, покрај примарната цел, мобилност на студенти и кадри, нуди можност за креирање и развивање и заеднички студиски програми.

Високообразовните институции и нивните членки може да аплицираат исклучиво on-line на официјалната веб страница на CEEPUS www.ceepus.info, а Конкурсот за учество во Програмата за академската 2017/2018, трае до 15 јануари 2017.

Дополнителни информации може да се добијат во Националната CEEPUS канцеларија на: olga.dukovska@mon.gov.mk


Scroll to Top