Швајцарската Амбасадорка во посета на УКЛО

13.12.2016

На 13 декември, во Ректоратот на УКЛО, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски ја прими НЕ Амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Република Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Тејада. За време на оваа прва посета на нашиот Универзитет, во пријатниот едночасовен разговор, ректорот Коруновски го претстави УКЛО и најзначајните сегменти во неговото функционирање, како и приоритетите и активностите за кои одредени видови експертска  поддршка од Швајцарија  би биле добредојдени. Тој ја потенцираше и воспоставената соработка со La Fondation pour la formation hôtelière, светски значаен независен фонд за обука во хотелиерството со седиште во Женева

Амбасадорката го истакна континуитетот  во пријателските односи и  билатералната соработка на државно ниво и, во тие рамки, поддршката и помошта што Швајцарија  и ја дава на Македонија со цел реализација на бројни проекти во различни домени.

Соговорниците договорија идни промотивни активности од заеднички интерес и разменија пригодни подароци.

 


Scroll to Top