ФИКТ и Технички факултет учесници на значајни настани организирани од МОН

14.12.2016

На натпреварите „Скопски автобуски хакатон“ и „Паметна автобуска постојка“ организирани од Минстерството за образование и наука и Фондот за иновации и развој истакната е поддршката која доаѓа од високообразовните институции меѓу кои и два факултети од УКЛО- Техничкиот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.

Според МОН, целта на натпреварот е покрај изработка на идејни решенија, студентите да ги промовираат иновативните софтверски идеи и одлуки за дадена проблематика.

Натпреварите во кои учествуваа претставници од УКЛО се во насока на промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно – истражувачките, високообразовните институции и бизнис секторот.


Scroll to Top