Научна награда на светско ниво

14.12.2016

Професорот Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност – Скопје е носител на највисока научна награда на светско ниво што се доделува под покровителство на ООН – UNODC.

Во голема конкуренција на научни трудови коишто се однесуваат на борбата против корупцијата, со учество на професори од најреномираните светски универзитети меѓу кои Сорбона и универзитетите во Монтреал, Торонто и Лондон, престижната награда му е доделена на проф. д-р Миодраг Лабовиќ.

Исклучително вредното признание за врвни научни достигнувања во областа на анти-корупцијата, на проф. д-р Миодраг Лабовиќ му е доделено на 9 декември 2016 година, во кралската палата „Хофбург“ во Виена.

Д-р Лабовиќ е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопје,  единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и до неодамна, член на Универзитетскиот сенат.


Scroll to Top