Свечена седница на Универзитетскиот сенат

19.12.2016

На 16.12.2016 година по повод Патрониот ден и  јубилејот 1100 години од упокојувањето на св. Климент се одржа свечена седница на Универзитетскиот сенат. Во обраќањето, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски информираше за повеќе активности меѓу кои и за неколку значајни успеси на студенти и академски кадар на УКЛО.

Традиционално, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола додели награди на најдобро дипломираните студенти и студентите чии истражувачки трудови и есеи беа оценети за најдобри, во рамки на истоимениот Конкурс.

На настанот, промовирана е уште една значајна активност на УКЛО, проектот „Патеките на св. Климент“, што претставува своевидна  материјализација на свети Климентовиот лик и дело на наша македонска почва, преку обележување на местата на неговото дејстување и ширењето на неговиот култ.  Патеките на св Климент ги претстави проректорот проф. д-р Виолета Маневска. 

УКЛО покрај со своја посебна програма, со бројните настани и проекти што ги реализираше во текот на 2016 година беше дел од националната програма за јубилејот посветен на св. Климент. 


Scroll to Top