УКЛО ТРИВИУМ - по втор пат

16.03.2017

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во пресрет на Денот на основањето на УКЛО организира натпревар во ораторство,  УКЛО ТРИВИУМ.

На вториот по ред УКЛО ТРИВИУМ што ќе се одржи на 24 април 2017 година, студентите ќе се натпреваруваат на темата: ЈАС СУМ СТУДЕНТ. ИМАМ ПРАВО НА ИЗБОР ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА!

Најдобрите оратори ќе го претставуваат УКЛО на државниот натпревар, по повод 9 Мај, Денот на Европа.

УКЛО ТРИВИУМ  претставува можност студентите на УКЛО да ги продлабочуваат вештините за јавно говорење, аргументирано изразување и стилска инвентивност.


Scroll to Top