ПОВИК за објавување трудови во ХОРИЗОНТИ

04.04.2017

ПОВИК

за

објавување трудови во ХОРИЗОНТИ

(серија А-општествени и хуманистички науки)

(серија Б – природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и здравство)

 

 

Почитувани,

Редакцискиот одбор на меѓународното научно списание Хоризонти ве повикува со свој труд да земете учество во новото издание на ХОРИЗОНТИ (серија А и серија Б).

Во списанието Хоризонти се објавуваат автентични, претходно необјавувани трудови.

Доставување и област

Авторите кои се заинтересирани за објавување во Хоризонти, не треба да имаат помал научен степен од магистер на науки.

Со поднесувањето на трудот секој автор треба да пополни пријава во којашто треба да наведе на која серија се однесува трудот како и областите кадешто тој припаѓа.

Трудот се доставува во електронски облик, на електронска адреса horizonti@uklo.edu.mk на македонски и англиски јазик за македонски автори. Авторите од странство ги испраќаат своите трудови на англиски јазик.

 

Класификација, авторство и авторски права

Секој објавен труд ќе биде класифициран како: изворен научен труд, прегледен научен труд и стручен научен труд.

Секоја автор може да се јави како автор на еден и коавтор на уште еден труд.

Со поднесениот труд, авторите се согласуваат да ги отстапат авторските права на списанието Хоризонти.

 

Рокови

Краен рок за доставување на трудовите е 04.05.2017.

Рецензија

Доставените трудови се рецензираат анонимно од страна на двајца рецензенти од потесната област во којашто е трудот. Одлуката за објавување на трудот се донесува врз основа на рецензионото мислење за вкупниот квалитет на трудот, неговото значење за одредена дисциплина и слично.

Јазик и форма на публикување

Научното списание Хоризонти ќе се објавува и во печатена и во електронска форма на англиски јазик.

Трошоци

Трошоците за рецензирање и објавување на трудовите за лица вработени и ангажирани на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе бидат покриени од страна на Универзитетот.

Авторите на трудови надвор од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола се обврзни да платат 50 евра (во денарска противвредност) за објавен труд, што претставува 50% од вкупните трошоци за рецензирање, подготовка за објавување и објавување на трудот.

Уплатата на средствата се врши по рецензирањето на трудот и одобрувањето за негово објавување.

Секој автор добива примерок од научното списание.

Упатство за припрема на текстот

Секој труд треба да биде корегиран и лекториран од страна на авторот. Апстрактот треба да содржи до 150 зборови. Текстот на трудот се подготвува во Microsoft Word за Windows, фонт Times New Roman со англиска и македонска поддршка соодветно.

Димензии на страницата: формат А-4, маргини: лева и десна: 4,5, горна: 6, а долна маргина: 5.

Бројот на страници не треба да биде поголем од 10.

 

Техничка обработка на трудот:

  1. Наслов: фонт 14 pt, bold, all caps, centre
  2. Еден празен ред 11 pt
  3. Автор: 12 pt bold centre
  4. Адреса, назив на установата, место, e-mail на авторот (11 pt centre)
  5. Два празни реда 11 pt
  6. Апстракт: 11 pt bold centre
  7. Еден празен ред
  8. Текст на апстрактот: 11 pt, tab stop position 0,5 cm, justify
  9. Клучни зборови: не повеќе од 5.

10.  Празен простор  3 х 11 pt

11.  Вовед и наслов на секое следно поглавје: без нумерација, all caps centre

12.  Еден празен ред 11 pt

13.  Текст на трудот, 11 pt tab position 0,5 cm justify

14.  Сликите и табелите во текстот треба да бидат нумерирани, а равенките да бидат напишани со equation editor и нумерирани.

15.  ЛИТЕРАТУРА 11 pt caps centre (пр. Avelini Holjevac, 1. Kvaliteta i zdravstveni turizam, br.1. Zagreb, str, 57-62, 2001.)

 

Редакцискиот одбор упатува на придржување кон Упатството за припрема на текстот.

 

НАПОМЕНА: Трудовите коишто не ги исполнуваат техничките норми ќе бидат вратени на авторот.

Повеќе информации како и образец за трудот може да најдете на интернет страната www.uklo.edu.mk

Лице за контакт: д-р Елена К.Ристоска

e-mail: elena.kitanovska@uklo.edu.mk

тел. 047/223-788 л. 126

Прилог: Пријава


Scroll to Top