Одржан семинар во рамки на проектот TERRA MED

05.04.2017

Во рамките на проектот „Проценка и деградација на почвата и рехабилитациони стратегии за планирање на одржливо искористување на земјиштето“ познат под акронимот TERRA MED на 31 март 2017, во Битола, се одржа семинарот “Евалуација на енвиронменталниот притисок и деградација на почвата во околината на РЕК Битола”.

Со свое поздравно обраќање, семинарот организиран од страна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за биотехнички науки – Битола, го отвори проректорот за наука, проф. д-р Елизабета Бахтовска, која го истакна значењето на овој меѓународен проект преку кој Универзитетот ја потврдува својата улога на значаен стејкхолдер во поширокото окружување. Покрај неа, на присутните им се обрати и деканот на Факултетот за биотехнички науки, проф. д-р Љупче Кочоски, како и претставникот на Делегацијата на ЕУ, г-ѓа Магдалена Шарламанов.

Семинарот беше можност за присутните да се запознаат со завршните резултати на проектот како и имплементираните активности во насока на реализација на проектните цели и можноста Универзитетот да се стави во служба на заедницата преку заштита на животната средина.

 


Scroll to Top