ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕУА

11.04.2017

Традиционално, секоја година претставниците на  универзитетите, членки на најголемата и најзначајната европска универзитетска асоцијација позната под акронимот ЕУА се среќаваат во европските центри кадешто дебатираат за актуелни теми со кои се соочува европското високо образование.

На годишната конференција одржана во Берген, Норвешка дијалогот се водеше околу значењето на академската автономија. Со внимателно одбраната тема „Автономија и слобода: идната одржливост на универзитетите“ ЕУА  одбележа  десет години  посветеност на овој круцијален предизвик.

Во период на растечки тенденции насочени против академската слобода, соопштението од Берген  уште еднаш ги истакна академската автономија и слобода како есенцијални вредности на доброто  функционирање и  столбови за идната одржливост  на универзитетите.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски зеде активно учество на овој најзначен европски академски форум.

Повеќе:

http://www.eua.be/activities-services/events/event/2017/04/06/default-calendar/eua-2017-annual-conference


Scroll to Top