Нови Сад 2017 - Соработка во високото образование, НР Кина - Централна и Источна Европа

26.09.2017

На покана на Универзитетот од Нови Сад, ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски и генералниот секретар, м-р Офелија Христовска, учествуваа во работата на Петтиот дијалог за образованието и на Четвриот состанок на Конзорциумот на високообразовни институции, што се одржаа во рамките на соработката помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, на 21 и 22 септември 2017. Покрај претставниците на кинеските и европските ресорни министерства од областа на образованието, на настанот учествуваа и високи делегации од 80 водечки универзитети од НР Кина и од 16 земји од Регионот. На собирот на ректорите, Универзитетот од Нови Сад е избран за ново седиште на Секретаријатот на Конзорциумот, а УКЛО стана нов член.

На овој престижен настан со меѓународен карактер, високата делегација на УКЛО зеде активно учество во работните сесии и  дискусиите за соработка на полето на јакнење на капацитетите во сферата на високото образование, науката и иновациите, со посебен акцент врз меѓусебната размена на информации за достапните, но недоволно искористени ресурси, за студиската понуда, развојните и научно-истражувачките проекти, актуелните и перспективните програми за академска мобилност, како и за остантатите активности на универзитетите членови на Конзорциумот.

 


Scroll to Top