Надворешна евалуација на Универзитетот

05.10.2017

На 17, 18 и 19 октомври 2017 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се реализира втората посета на експертскиот тим од Институционалната евалуациона програма при Европската асоцијација на универзитети во рамките на процесот на спроведување надворешна евалуација на Универзитетот.

Надворешната евалуција е единствена можност за добивање објективна оценка за работењето на Универзитетот од една престижна, независна Европска организација. Истовремено, надворешната евалуација е во функција на континуираниот развој на УКЛО, а пред се`, на системот за обезбедување и унапредување на квалитетот.

Агендата на експертскиот тим предвидува средби со раководството на УКЛО, комисиите за наставно-научни прашања и за соработка со универзитетите во земјата и странство на Универзитетот, истражувачи, докторанти и административен кадар од нашиот Универзитет, како и одвоени посети на Факултетот за биотехнички науки и Факултетот за информатички и комуникациски технологии.


Scroll to Top