СТИПЕНДИИ НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО

13.10.2017

Делегацијата на германското стопанство во Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2018 година. Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за спроведување на истата. Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2018!

Рокот на пријавување е заклучно до 13-ти ноември 2017 година на следната интернет страница: 

www.stipendienprogramm.org 


Scroll to Top