Изложба „Уште поблиска унија" и студентска дебата во Центарот за Култура - Битола

27.10.2017

По повод 60 години од потпишувањето на Римските договори, Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Република Италија во Скопје организираат изложба „Уште поблиска Унија“ во Центарот за Култура - Битола на 30ти Октомври, 2017 година со почеток во 12.30 часот, проследено со студентска дебата на темата "Иднината на Европската Унија 60 години од Договорот од Рим", во Центарот за Култура- Битола (мала сала), со почеток во 13.30 часот.

25 март 2017 година ја одбележа 60-годишнината од Римските договори, кои го отворија патот за Европската Унија онаква како што ја знаеме денеска: обединет континент кој се темели врз солидарност, демократија и владеење на правото. Единствениот пазар на ЕУ обезбедува слобода на избор и движење, економски раст и просперитет на 500 милиони жители. Европската Унија е најголемиот трговски блок во светот и најголем донатор на хуманитарна помош.

Изложбата е организирана од Историскиот архив на Европската Унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската Унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на Национална асоцијација за печат.

Изложбата ќе ја отворат Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.


Scroll to Top