СОРАБОТКА УКЛО - УНИВЕРЗИТЕТ ВО КАЕН, НОРМАНДИЈА

30.10.2017

Во рамките на мошне значајната децентрализирана соработка што повеќе од десет години се развива помеѓу Република Македонија и Регионот на Нормандија, Франција и особено нејзиното зајакнување во академскиот односно универзитетскиот дел,  делегација од Универзитетот во Каен, на 25 октомври 2017 година го посети нашиот Универзитет. Станува збор за втора мисија што дел од раководството на овој француски универзитет, предводено од проректорот задолжен за меѓународна соработка, професор Беноа ВЕРОН со своите соработници,  ја реализира  на УКЛО.

Во пријатната средба со ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и неговите соработници проректорите, како и во дополнителната работна средба, беа истакнати повеќе аспекти на соработка во областа на високото образование. Како можности што треба да се иницираат беа евоцирани: размена на искуства во научното истражување, интегрирање на лабораториските истражувања и нивно активирање во функција на универзитетското опкружување, размена на искуства во врска со старт-апите, како и различните хабови во поддршка на малите и средни претпријатија, соработка заради експертиза при креирање нови и специфични студиски програмии/курикулуми и слични актуелни  тематики за кои двата универзитети имаат заеднички интереси.


Scroll to Top