Јубилејот од Римските договори одбележан и на УКЛО

30.10.2017

УКЛО со две активности се вклучи во одбележувањето на шест децении од потпишувањето на Римските договори, темелот на денешната Унија.

Отворена е изложба „Уште поблиска Унија" што ја прикажува историјата на европската интеграција од потпишувањето на Римските договори до денешните предизвици со кои се соочува Европската Унија.

Активно учество на настанот покрај Амбасадорот Самуел Жбогар, Шеф на ЕУ Делегацијата во РМ  имаше и италијанскиот амбасадор Карло Ромео, по што се одржа студентска дебата за "Иднината на Европската Унија 60 години од Договорот од Рим". Воведни обраќања имаа Н.Е. Самуел Жбогар и проф. Горан Илиќ, декан на Правниот факултет на УКЛО. На дебатата за Иднината на Европската Унија студентите од УКЛО имаа активно учество.

Од името на Ректорот и УКЛО, на тематскиот настан се обрати  проректорот, проф. д-р Виолета Маневска, која нагласи дека  Универзитетот има повеќе причини да биде учесник во ова значајно одбележување, почнувајќи од  учествата во европските образовни програми, студентските  и академски мобилности и активности, натпревари и конкурси на атрактивни „европски“ теми.

Активностите  посветени на јубилејот од Римските договори во кои се вклучи и УКЛО се одржаа во Центарот за култура – Битола, во  организација на Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Република Италија во Република Македонија.

 


Scroll to Top