Зимска и летна школа на Техничкиот универзитет – Санкт Петерсбург

02.11.2017

Техничкиот универзитет од Санкт Петерсбург,  Руска Федерација во соработка со Институтот за енергија и транспортни системи организира ново издание на успешната Зимска школа за студенти во периодот помеѓу 22 јануари и 2 февруари 2018.

Темите поврзани со електроенергетиката, нуклеарната енергетика и турбо машините ќе бидат разгледувани низ различни форми на академски предавања, посети на компании и работилници со учество на руски и меѓународни експерти. Работата на Школата е конципирана во согласност со европските стандарди и може да биде признаена како студиски престој во странство и преточена во 5 ЕКТС кредити.

Повеќе  

Универзитетот исто така има објавено повик и за Летна школа за студенти, за периодот помеѓу 23 јули и 10 август 2018, на којашто покрај претходните теми ќе се обработува и темата посветена на нафтата и природниот гас.

Повеќе  


Scroll to Top