УКЛО ЌЕ СОРАБОТУВА СО РУСКАТА ЦАРИНСКА АКАДЕМИЈА

22.11.2017

Во насока на проширување на меѓународната соработка, а врз база на иницијативата од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, придружуван од деканот на ФТУ,  проф. д-р Цветко Андреески, во периодот  од 27 10. 2017 до 1.11.2017 година,  реализираше работни средби на Руската Царинска академија.

Посетата на оваа значајна руска институција за едукација на  кадри во областа на царината, беше искористена за меѓусебно запознавање и размена на искуства, но и за потпишување договор за соработка. Договорот го потпишаа  ректорот Коруновски во името на УКЛО и проф. д-р Владимир Мантусов  во името на Академијата.

Се очекува дека официјализирањето на соработката ќе овозможи академска размена во делот на наставнообразовната и научно- истражувачката работа, но и   размената на професори и студенти.


Scroll to Top