Одржан првиот меѓународен саем за образование

30.11.2017

Првиот меѓународен саем за образование на којшто учествуваа релевантни институции и организации кои активно работат на овозможување учество на младите луѓе од Битола и Регионот во меѓународни проекти и програми се одржа на Техничкиот факултет на 30.11.2017 година. 

Организаторите на настанот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Американското Катче-Битола и Амбасадата на САД во Македонија на присутните средношколци и студенти им ги претставија можностите за студирање, волонтирање, стажирање и реализирање платена стручна пракса во САД.

Проректорот за наука, проф. д-р Елизабета Бахтовска од името на УКЛО истакна дека соработката меѓу овие институции овозможува пошироко запознавање на заинтересираните за учество во различни програми и размена, потестувајќи дека на ниво на УКЛО активни чинители кои нудат соодветна помош при аплицирање во програмите и друг вид на поддршка се Канцеларијата за меѓународна соработка и Кариерниот центар КРЕДО УКЛО. Проректор Бахтовска го истакна  интензивното вмрежување на УКЛО во меѓународни образовни асоцијациии и учеството во програми кои опфаќаат размена на студенти меѓу кои: Еразмус доживотно учење Еразмус мундус, Еразмус +  како и најзначајната програма за истражување Хоризонти 2020.

На првиот меѓународен саем за образование учествуваа и Француската алијанса, Францускиот институт и студентските организации: ИМКА Битола, СФЕРА Битола, IAESTE Bitola, AIESEC Prilep, Students for Liberty – Macedonia. 

Во рамки на Саемот поставена е изложба на постери со искуства на македонски студенти кои судират во САД.


Scroll to Top