ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО CEEPUS ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019

05.12.2017

Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука на Република Македонија известува за можноста за партиципирање во Програмата за поддржување и поттикнување академска соработка помеѓу земјите на Централна и Југоисточна Европа на полето на размена на студенти и кадри (Central European Exchange Program for University Studies). Соработката во рамките на CEEPUS се одвива врз база на вмрежување на најмалку три високообразовни институции од земјите потписнички на договорот (прилог: Конкурс) и, покрај примарната цел, мобилност на студенти и кадри, нуди можност за креирање и развивање заеднички студиски програми.

Високообразовните институции и нивните членки може да аплицираат исклучиво on-line на официјалната веб страница на CEEPUS www.ceepus.info, а Конкурсот за учество во Програмата за академската 2018/2019, трае до 15 јануари 2018.

Дополнителни информации може да се добијат во Националната CEEPUS канцеларија на: olga.dukovska@mon.gov.mk, andrea.aleksovski@mon.gov.mk


Scroll to Top