Пригодна свеченост по повод Патронатот на УКЛО

07.12.2017

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на  6.12.2017 го одбележа Патрониот ден, 8 Декември. Во поздравната реч, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски ги истакна заложбите за интернационализација, европеизацијата и регионализација како клучни  за развојот на Универзитетот чие функционирање се остварува во новото време во кое позитивните решенија произлегуваат од поврзаноста меѓу институциите и пред сé, членовите на академската заедница.  Меѓу приоритетните заложби во наредниот период, Ректорот ги истакна напорите за подобри резултати во истражувањето, науката, наставата и квалитетно студирање со создавање оптимални услови за студентите.

По повод пригодата, доделени се награди на најдобродипломираните студенти во академската 2016/2017 година и на студентите кои покажаа најдобри остварувања  на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Претходно, во Ректоратот на УКЛО ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска потпишаа Меморандум за соработка со којшто Унуверзитетот ја искажува подготвеноста  со постојните капацитети и интелектуалниот капитал што повеќе да се вклучи во општественото живеење.

За УКЛО овој договор претставува дополнителна можност за развивање на основните дејности на Универзитетот, образованието, науката и истражувањето во заедницата, како и развивање различни форми на  соработка со локалните јавни претпријатија во области од заеднички интерес.

По повод Патронот на УКЛО, пред споменикот на св. Климент, во дворот на Ректоратот положени се букети цвеќе.


Scroll to Top