Одржана прва меѓународна конференција за надарени и талентирани

19.10.2009

Стотина учесници од земјата и од  десетина други земји (Шпанија, Нигерија, Србија, Словенија, Хрватска, Романија, Албанија и Турција) ги отворија прашањата за стратегиите и третманот  на талентираните и надарени ученици и студенти на првата меѓународна конференција за надарени и талентирани.

Во рамките на конференцијата испечатен е двотомен Зборник со 155 реферати и промовиран е Центар за развој на надареноста.

Првата меѓународна конференција на тема:„ Надарените и талентираните креатори на прогресот“ се одржа во организација на Педагошкиот факултет при УКЛО.

Поздравна реч на конференцијата имаше ректорот проф. д-р Златко Жоглев.

Scroll to Top