Повик за учество на првото издание на Регионалниот форум за млади и „зелени вработувања“

08.06.2018

Меѓународната Франкофонска организација
(OIF) во партнерство  со романските власти објавува:

Повик за учество на првото издание на Регионалниот форум за млади и „зелени вработувања“ што ќе се одржи од  20 до  24 јуни 2018 во Тулчеа (Романија).

Форумот има за цел да промовира размена на идеи и искуства за предизвиците на зелената економија, заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Отворен е за сите заинтересирани студенти - млади луѓе од земјите полноправни и придружни  членки.на Франкофонијата од Централна и Источна Европа на возраст од 18 до 34 години, кои се претприемачи или можат да презентираат  проект за основање „зелено“ претпријатие или проект што генерира вработувања.

Трошоците за селектираните кандидати  се целосно покриени од OIF (превоз, осигурување, сместување и исхрана) во рамките на учеството на Форумот.

Повикот е отворен до 11 јуни 2018 juin 2018.

За повеќе детали консултирајте го следниов документ.


Scroll to Top