Конкурс за најдобар Истражувачки труд и Есеј

04.07.2018

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар  

 

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

 

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2018/2019 година.

Студентот има право да конкурира за:

- најдобар истражувачки труд

- најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Eсејот се изработува исклучиво на тема:

 

„УКЛО – на крстопат на својата зрелост“

 

посветен на

40 годишниот јубилеј на

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

 

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор, а во рамки на одбележување на Јубилејот.  

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2018@uklo.edu.mk

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2018 година.

 

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии. Критериумите, методолошкиот пристап  и упатствата за изработка на истражувачките трудови и есеи се преземаат на следните линкови:

истражувачки труд

есеј

За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.

 

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788 локал 109 или на

elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk


Scroll to Top