Делегација на УКЛО посети неколку универзитети во Германија

26.09.2009

Во периодот од 21 до 25 септември 2009 година, ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, проф д-р Златко Жоглев и д-р Валентина Илиева, лектор по германски јазик престојуваа на неколку универзитети во Германија. Престојот започна со посета на Универзитетот „Ото Фридрих“ во Бамберг на којшто беше разгледана можноста за овозможување услови за размена на академски кадар и студенти преку програмата ERASMUS. Во духот на развојот на меѓународната соработка се одржа и втората посета на Универзитетот во Нирнберг и средбата со одговорните од Секторот за меѓународна  соработка кои особено инсистираа на продлабочување на соработката помежу респективните педагошки факултети. На средбата во Универзитетот Вестфалија Велхелм, делегацијата на УКЛО беше примена од проректорот за настава, студиски реформи и студентски прашања и во оваа прилика беше истакната можноста за воспоставување меѓународна соработка со УКЛО на неколку нивоа: во доменот на усогласување студиски програми, размена на студенти и академски кадар итн.

Престојот во Германија заврши со посета на Универзитетот во Бремен каде покрај реализираните средби, делегацијата на УКЛО имаше можност да присуствува на свечената промоција на дипломираните студенти на постдипломски студии на Универзитетот за применети науки.

Scroll to Top