Меѓународна младинска конференција во Крушево

13.08.2018

Почитувани,

 

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на Меѓународната Младинска Конференција "Европски Вредности за Иднината на Југоисточните Европски Земји", која ќе се одржи по 16-ти пат традиционално во Крушево, Македонија, од 27-ми Септември до 1-ви Октомври 2018 година.

 

Оваа конференција ја организира Младински Сојуз - Крушево во соработка со Фондација Фридрих Еберт, канцеларијата Скопје и е поддржана од Пактот за Стабилност на Југоисточна Европа преку Германска амбасада Скопје, програмата ЦИВИКА Мобилитас и Агенција за Млади и Спорт. 

 

Повеќе информации може да најдете на веб страната. Исто така, може да нѐ контантирате на FacebookTwitterSkype (krusevo youth)мејл 

 

Апликацијата е достапна на веб страната, рокот за пријавување е 25-ти Август, 2018. Интересот и искуството на апликантот значително ќе влијаат при селекцијата за учество.

 

Конференцијата овозможува на 58 учесници од 16 ЈИЕ земји да присуствуваат на овој настан со целосна стипендија. Апликантите кои ќе аплицираат порано ќе имаат поголема можност да присуствуваат со целосна стипендија, затоа испратете ја вашата апликација што поскоро. Останатите апликанти, ќе можат да присуствуваат со котизација за учество.

 

Ве охрабруваме да ја споделите оваа покана со вашите пријатели, парнери, членови и сите оние кои би биле заинтересирани за учество.

 

 

Срдечен поздрав,

 

Организацискиот тим на Меѓународната Младинска Конференција


Scroll to Top