Светски форум „Науката и технологијата во општеството“ одржан во Јапонија

07.10.2009

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола проф д-р Златко Жоглев присуствуваше на Светскиот форум „Науката и технологијата во општеството“, што се одржа во Кјото, Јапонија во периодот од 04 до 06 октомври 2009 година.

Овој форум се одржа по шести пат во Меѓународниот конференциски центар и во неговата работа учествуваа 150 учесници од научно-истражувачките кругови, меѓу кои имаше и осум научници наградени со Нобелова награда.

Меѓу позначајните теми на коишто се работеше во текот на пленарните сесии се: Науката и технологијата и иднината на човештвото, Науката и технологијата за економска обнова и раст, Науката и технологијата за околината и др. Од посебен интерес за развој на Универзитетот есесијата насловена: Улогата на универзитетите, која е особено значајна за координација на науката и технологијата со функционирањето на Универзитетот.


Scroll to Top