Посета на германската амбасадорка на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола

27.10.2009

На 26 октомври 2009 година се оствари едночасовна посета на Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, г-ѓа Улрике Кноц и ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ проф. д-р Златко Жоглев. На средбата присуствуваа и раководителот на секторот за настава, наука и меѓународна соработка г-ѓа Калиопа Стилиновиќ и д-р Валентина Илиева, лектор по германски јазик на Универзитетот.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, ја информираше Амбасадорката за неговата посета на повеќе универзитети во Германија. Тој воедно ѝ ги пренесе пријатните впечатоци од средбите со одговорните претставници од Универзитетите во Нирнберг, Бремен, Бамберг и изрази уверување дека Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола е подготвен да оствари поинтензивна соработка со овие германски универзитети.

Амбасадорката Кноц ја поздрави идејата за воспоставување интензивна меѓународна соработка со универзитетите во Германија. Таа го поддржа процесот на размена на студенти во рамки на програмата ERASMUS и истакна дека развојот на меѓународната соработка е особено значаен елемент од функционирањето на Универзитетот.

Scroll to Top