ОДРЖАНА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БЕЗБЕДНОСНИ, ПОЛИТИЧКИ И ПРАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ“

22.10.2018

Од 19 – 21.10.2018 година се одржа меѓународната научна конференција „Безбедносни, политички и правни предизвици на современиот свет“ во организација на Универзитетoт „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот  за безбедност - Скопје, Правниот факултет – Кичево  и Фондацијата „Ханс Зајдел“.

Конференцијата понуди мултидисциплинарен пристап за ризиците во правната, политичката и безбедносната област на национално и глобално ниво.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски оцени дека во основата на овој настан е една од стратегиските цели на Универзитетот - насоченост кон научно-истражувачка работа и дека Конференција претставува можност за надоградување на постоечките научни искуства и сознанија поврзани со актуелната реалност  на современиот свет.

Од научната конференција „Безбедносни, политички и правни предизвици на современиот свет“ ќе се објави Зборник со 50 трудови.


Scroll to Top