Наградени студенти на Конкурсот за истражувачки труд и есеј

30.11.2018

На распишаниот награден Kонкурс на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола за најдобар истражувачки труд и есеј, конкурсните комисии донесоа одлуки за најдобрите остварувања.

Во категоријата истражувачки трудови наградени се:

Прва награда: „ ВЛИЈАНИЕТО НА ВРЕМЕТО НА ЧУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО ТЕТРАПАК МЛЕКО ВРЗ КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА ПРОИЗВОДОТ“ шифра UHT, од Љубица Трајкоска, студент на Факултетот за биотехнички науки- Битола.  

Втора награда: “ПРОМЕНИ ВО ФИЗИЧКО-ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА МЛЕКОТО КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА СОМАТСКИ КЛЕТКИ“ шифра: SCC, од Марија Рунчевска, студент на Факултетот за биотехнички науки- Битола.

Во категоријата есеи наградени се:

Прва награда: „УКЛО – на крстопат на својата зрелост“ шифра Аспа131, од Ања Црнец, студент на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Втора награда:  „Песочен часовник“ шифра Созреано јаболко, од Марија Ралповска, студент на Факултетот за безбедност – Скопје.

Трета награда: УКЛО – на крстопат на својата зрелост“ шифра Зајдисонце98, од Христина Таневска, студент на Педагошкиот факултет- Битола.

Конкурсот за најдобар истражувачки труд и есеј е традиционален и на УКЛО се реализира во рамки на одбележувањето на Патрониот ден на Универзитетот. Дипломите и паричните награди на најдобрите учесници ќе  им се доделат на пригодна свеченост, на 04.12.2018 година.


Scroll to Top