ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК Е+ 2019

14.12.2018

ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК

за изразување интерес за мобилност во рамките на

 

ERASMUS+ Програмата

Академска 2019/2020

 

 

Со цел планирање на наредни мобилности и аплицирање на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+,

 

УКЛО објавува 

 

Повик

за изразување прелиминарен интерес за учество во

мобилност во рамките на Е+ Програмата 

Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење,

Високо образование:

 

- мобилност на студентите за студирање (SMS)

- мобилност на студенти за стажирање (SMP)

- мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

- мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 

Времетраење на мобилноста

 

1. За студенти: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 

За академската 2019/2020, мобилноста ќе се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020.

 

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

-         редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

-         академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

 

Постапка за прелиминарното пријавување

 

  • Студентите заинтересирани за мобилност во соработка со Еразмус+ координаторот должни се да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ (прилог)

 

  • Академските кадри заинтересирани за мобилност, исто така треба да го информираат Еразмус+ координаторот. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМСКИ КАДАР (прилог)

 

Собраните прелиминарни пријави факултетските координатори треба да ги достават во Канцеларијата за меѓународна соработка најдоцна до 21 јануари 2019, а прелиминарниот интерес ќе ни послужи за поуспешно пополнување на Апликацијата за учество на УКЛО во Клучната акција КА103, со краен рок за приложување во Националната агенција 5 февруари 2019.

 

По одобрувањето на Апликацијата, УКЛО ќе објави дефинитивен повик во согласност со конкретните месеци за студентска мобилност и конкретните бројки за академска мобилност, кога од кандидатите ќе се побара да поднесат комплетен пакет за аплицирање.

 

Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола


Scroll to Top