Чешкиот Амбасадор во посета на УКЛО

04.02.2019

НЕ, г-динот Мирослав ТОМАН, Амбасадор на Чешката република во Македонија, придружуван од своите соработници, на 4 февруари 2019 година го  посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во пријатната средба со неговиот домаќин, ректорот проф. д-р Коруновски, двајцата соговорници разменија мислења за правците и перспективите во академската соработка. Стана збор за билатералната соработка, за соработката во рамките на Еразмус + програмата, за можностите во научно-истражувачката соработка со посебен акцент на проучувања во областа на словенските јазици и култура, за летните школи и др. слични форми, како и за програмите за стипендирање на студенти коишто на реципрочна билатерална  основа со посредство на ресорните министерства веќе неколку години се етаблирани помеѓу двете пријателски земји.

УКЛО  има потпишано три интеринституционални Е+ договори за соработка со факултети во состав на универзитетот Западна Бохемија во Плзен и Оломуц. Моментално во фаза на потпишување е и Меморандум за соработка со универзитетот Западна Бохемија во Плзен.


Scroll to Top