АУФ – Регионална средба за меѓународна соработка

26.02.2019

90 универзитети од 18 земји од Регионот на Централна и Источна Европа се собраа на 11 и 12 февруари 2019 година на Универзитетот  за земјоделски науки и ветеринарна медицина (USAMV) во Букурешт, Романија. Средбата , во организација на Регионалниот центар на АУФ беше извонредна можност за размена на   знаења, искуства и добри практики,. Во текот на дводневното дружење и дебатирање во функција на актуелните презентации, јасно и едногласно беше манифестирана желбата за интрарегионална соработка, беа воспоставени значајни врски и секако партнерства  во домени како што се наставата, научно-истражувачката работа и меѓународната мобилност.Некои од присутните ја истакнаа потребата од соодветна поддршка  за обуки во рамките на европските проекти за соработка.

УКЛО,на овој значаен собир,  беше претставуван од раководителот за настава , наука и меѓународна соработка, Калиопа Стилиновиќ.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –Битола е една од најмладите членки на Асоцијацијата на  Франкофонски универзитети.


Scroll to Top