ТРЕТ РЕКТОРСКИ ФОРУМ

26.02.2019

Универзитетот во Мостар беше домаќин на Третиот ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан. Оваа значајна еднодневна средба на ректорите и останатите  раководните кадри на универзитетите од поширокиот регион претставуваше платформа за дискусија и размена на мислења, ставови и искуства поврзани со   многу актуелни прашања во доменот на високото образование. Форумот посвети должно внимание на иницијативата за основање заедница  на универзитети од Југоисточлна Европа и Западен Балкан.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во континуитет ги следи сите активности поврзани со овој форум и на настанот беше претставуван од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски. Неговото присуство беше искористено и за потпишување на договор за билатерална соработка помеѓу УКЛО и Свеучилиште/Универзитет  од Мостар, претставувано од ректорот, проф. д-р Зоран Томиќ. Овој билатерален договор за соработка дава насоки  и посочува домени во универзитетското работење каде би можела да се одвива соработката помеѓу двата партнерски универзитети.


Scroll to Top