Одржана ректорска конференција

05.11.2009

Ректорите на јавните универзитети во Република Македонија ја одржаа деветтата седница на Ректорската конференција со која претседаваше ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола.

На седницата којашто се одржа во Штип,  разгледани се забелешките на Правилникот за содржината и формата на дипломата и  другите јавни исправи, како и информациите за користење на средствата наменети за реализација на европските проекти и користењето на средствата од сопствените приходи.

На конференцијата, ректорите на јавните универзитети  разговораа и  за други актуелни теми од областа на високото образование.

Scroll to Top