РЕКТОРОТ НА УКЛО ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

13.05.2019

На инаугурацијата на новиот претседател на државата, г-дин Стево Пендаровски,  што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија, присуствуваше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, заедно со колеги од неколку универзитети.

На инаугурацијата на претседателот Пендаровски  присуствуваа министри во Владата, поглавари на верските заедници, претставници на судската власт,претставници  од дипломатскиот кор во земјава, МАНУ како и високи гости од повеќе држави.

Со чинот на давање свечена изјава пред Собранието, г-дин Стево Пендаровски и официјално стана петти претседател на државата.

Свеченоста се одржа на 12 мај 2019 година.


Scroll to Top