Одржана средба со стопанственици

05.11.2009

Во Ректоратот на УКЛО одржана е средба со претставниците од  бизнис секторот на која присуствуваа директори од најголемите македонски компании од Регионот.

На средбата со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, разменети се мислења за јакнење на релациите меѓу УКЛО и стопанството на повеќе полиња што подразбира и дополнителни обуки за вработените во функција на поголема ефикасност и квалитет во работата на фирмите.

Стопанствениците изразија подготвеност за поголемо учество при дизајнирање и дефинирање на студиските програми и наставните предмети според актуелните барања и потребите на пазарот на трудот.

Scroll to Top